Систематски преглед
Во склоп на поликлиниката “ИНТЕРМЕД АРТ”, функционира одделението за медицина на трудот со овластување од министерство за здравство на РМ , кое работи исклучиво по законските и подзаконските акти на РМ. Основата на ова одделение е законот за безбедност и здравје при работа Сл.весник на РМ (бр.92/07). Врз основа на овој закон е донесен правилник за видот, начинот и обемот на здравствените прегледи на вработените каде што се извршуваат сите видови на прегледи како претходни, периодични, насочени и систематски а исто така можеме да извршуваме прегледи на вработени во зона на јонизирачко зрачење бидејќи нашиот специјалист по медицина на трудот е субспецијалист во областа на радиолошка заштита.
Како примарни задачи на ординацијата а кои се однесуваат на член 20 од Законот за безбедност и здравје при работа се:
- вршење превентивни здравствени прегледи на вработени во согласност со посебни прописи;
- обезбедување на медицински услуги за вработените со професионални болести;
- организирање и обебзедување прва помош на вработените во случај на повреда на работно место или колективна несреќа;
- утврдување и проучување на причините за инвалидност и професионални болести во врска со рабптењето и повреди при работа, предлагање на соодветни безбедносни мерки и мерки за лекување, учество во извршувањето на соодветна професионална рехабилитација и консултација за изборот на посоодветни работни задачи;
- давање предлози и мерки на работодавачот за заштитан а здравјето на вработените кои се изложени на голема опасност од повреда или нарушување на здравјето;
- водење на евиденција и прибирање на податоци за здравјето на вработените во согласност со посебните прописи;
- учество во секоја процена на ризиците, безбедноста и здравјето на работното место и на работната средина и
- да ги запознава вработените со ризиците кои се поврзани со нивната работа, нивното работно место и вршење едукација.