Ординации



Прегледи во домашни услови!

Доколку не сте во можност да ја посетите нашата поликлиника, нашите лекари доаѓаат во Вашиот дом! Вршиме лабораториски прегледи и во домашни услови!



Изберете матичен лекар!

Во нашата поликлиника можете да изберете матичен лекар кој континуирано ке се грижи за вашето здравје,да извршите лабораториски и биохемиски анализи на крвта,да се консултирате со специјалист-интернист и воедно во нашата аптека да си ги набавите потребните лекови.

Тргнувајќи од минорните потреби на пациентите,следејќи го ова низ нашето долгогодишно искуство настојуваме да ги  одржиме услугите кои се на ниво на примарната здравствена заштита и да ги обезбедиме потребните специјалистички прегледи од лекари од различна специјалност.



ПОВЕЌЕ ЗА НАС

Поликлиника Интермед-Арт е приватна здравствена установа, основана во февруари 2011год, лоцирана е  на бул.Партизански Одреди бр.84 во трговскиот центар Антико - Скопје. Располага со ординација  по општа медицина, трудова медицина,интерно оделение,физикална терапија,лабораторија,дневна болница и ординација по спортска медицина.

Интермед-Арт ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна и достоинствена здравствена заштита и се стреми за подобрување на општото здравје.  повеќе >>