Можности за волонтирање и вработување

ПЗУ ИНТЕРМЕД АРТ постојано се фокусира врз потребите и побарувањата на пациентите. Согласно својата мисија и стратегија за развој постојано го унапредува своето портфолио на услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите пациенти.

Во функција на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси. Па така, нудиме поедноставен пристап на сите заинтересирани за пополнување на одредени слободни работни места во ПЗУ ИНТЕРМЕД АРТ.

Вашето аплицирање и претставување на оваа страница ќе ни овозможи побрз и поефикасен увид во вашите стручни и професионални квалификации преку кои можете и вие да станете дел од тимот на ПЗУ ИНТЕРМЕД АРТ.

Дискрецијата во процесот на барање и добивање на работа е наш столб во работењето а да имаме увид во Вашите стручни и професионални квалификации  Ви нудиме  можност за волонтирање и вработување.Потребно е да се регистрирате, при што пополнувате форма за регистрација и ги оставате своите лични и професионални податоци. Секој корисник е одговорен за податоците кои ги објавува и гарантира за нивната валидност.

За да започнете да го користите системот треба да се најавите со Корисничко име и Лозинка. Преку следните страници ќе имате увид во:

Мои огласи - огласите на кои имате аплицирано се сместуваат во делот "мои огласи", со што Ви се овозможува брз пристап до избраните огласи и следење на нивниот статус.

Мое портфолио - презентирање на професионалното портфолио и постојана проверка или менување на веќе внесените податоци. Податоците внесени во Вашето портфолио ќе бидат заштитени и видливи само за вработените од Секторот за вработување.

Мои документи - можност за приложување на скенирани документи (дипломи, сертификати, слика, мотивациско писмо и сл.)